Достапни линкови

Молдавија го прогласи Рогозин за непожелна личност


Дмитриј Рогозин

Министерството за надворешни работи на Молдавија го прогласи потпретседателот на руската влада, Дмитриј Рогозин за непожелна личност.Како што јавуваат агенциите, овој потег дополнително ќе ги затегне односите меѓу двете земји, откако Кишињев и Москва меѓусебно ги протераа дипломатите. Молдавската политика е поделена на прозападна влада која сака блиски односи со Европската Унија, додека пак претседателот важи за поблизок до Русија. Рогозин е и специјален руски пратеник за самопрогласената независна територија во Молдавија, Приднестровље. Министерството го обвинува Рогозин за клеветење на молдавската влада во едно телевизиско интервју. Меѓудругото, на Рогозин му е забранет влез во Молдавија.

XS
SM
MD
LG