Достапни линкови

Иран го обвини САД за прекршување на нуклеарниот договор


Знамето на САД и на Иран

Иранските власти соопштија дека поднеле жалба до комисијата одговорна за контрола на спроведувањето на нуклеарниот договор од 2015 година поради санкциите на САД кои беа воведени во минатиот месец. Властите го обвинија Вашингтон за прекршување на договорот.

Жалбата на Иран е по одлуката на американското министерство за финансии да спроведе санкции за шест фирми од земјата заради нивната улога во развојот на балистички ракети откако Техеран лансираше ракета способна да стави сателит во орбитата.

XS
SM
MD
LG