Достапни линкови

Пенс ја пофали Црна Гора за храброста во соочувањето со притисокот од Русија


Потпретседателот на САД Мајк Пенс на вечерата организирана од црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, Подгорица, 01.08.2017.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ги пофали црногорските лидери за застанувањето против „рускиот притисок“. Потпретседателот Пенс престојува во Подгорица на последната станица од неговата европска турнеја со цел да ја истакне американската поддршка за сојузниците во регионот. Пред Црна Гора која е најнова членка на НАТО, Пенс престојуваше во Грузија и Естонија. На вечерата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ тој изјави дека неговата посета на Црна Гора е „доказ на фактот оти Америка нема мали сојузници, туку само силни сојузници“. „Вашата храброст особено во услови на рускиот притисок го инспирира светот и јас го поздравувам тоа“, изјави потпретседателот Пенс.

XS
SM
MD
LG