Достапни линкови

Македонија ги одбележува двата Илиндена


Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ - Илинден.

Република Македонија денеска ги одбележува двата историски Илиндена - 114 години од почетокот на Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ. Чествувањето ќе почне во 8 часот во црквата „Свети Спас“ во Скопје каде ќе се обрати претседателот на Владата Зоран Заев. Македонскиот премиер и премиерот на Бугарија Бојко Борисов ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата. По повод Денот на Републиката, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во 10.25 часот ќе се обрати пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје. Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце на свеченост по повод 73 години од Првото заседание на АСНОМ ќе говори вицепремиеот за економски прашања Кочо Анѓушев. Централното одбележување на Денот на Републиката и 114-тата годишнина од Илинденското востание традиционално ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево. На народниот собир, кој ќе почне во 12 часот, пред присутните ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG