Достапни линкови

Борисов се сретна со Џафери


Илустрација-пречек на премиерот на Бугарија Бојко Борисов пред владата на Македонија, Скопје,01.08.2017

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов и делегација од соседната земја попладнево се сретнаа со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.Како што соопшти собраниската прес-служба на средбата со бугарската делегација од македонска страна биле присутни Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата и Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ.

„Претседателот Џафери истакна дека денешниот ден ќе биде забележан како меѓник на означување нова страница во односите меѓу двете држави, заради значајниот исчекор што двете држави го направија со заокружување на долгогодишните напори преку потпишување на Договор за пријателство, добрососедство и соработка, за која изрази уверување дека ќе се интензивира во иднина“, се наведува во соопштението

Борисов, како што се наведува, ја нагласил консензуалната поддршка на договорот добиена од сите пратеници во Народното собрание на Република Бугарија за потпишување на Договорот, со донесување на посебна Декларација.

XS
SM
MD
LG