Достапни линкови

АХВ: Потврдено присуството на Конго-хеморагична треска и Кју треска во Симница


Илустрација

Резултатите од анализата на мостри крв земени од овците во бачилото од гостиварското село Симница, извршена од страна на Факултетот за ветеринарна медицина потврди присуство на Кримска Конго хеморагична треска и Кју треска, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Како што се наведува во соопштението од АХВ, станува збор за болести кои ги пренесуваат инсекти, крлежи, комарци и глодари и од кои може да заболат и животните и луѓето.

Воедно, се посочува дека се уште не се добиени резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри од млекото, сирењето и водата од бачилото и наведува дека остануваат во сила изречените мерките:забрана за движење на стадото од бачилото, обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или угинати животни до надлежното ветеринарно друштво, а извршена е и темелна дезинфекција и дератизација во одгледувалиштата.

Кримска-конго хеморагична треска е вирусна болест чиј преносител се крлежите. Kај луѓето се пренесува со каснување од крлежи, или преку контакт со добиток кој ја носи болеста, при третман на болни животни, колење или јадење на месо или производи од болни животни.
Ку треска е болест од која, исто така, може да заболат и луѓето и животните. Болеста се шири преку контакт со млеко, урина и измет од заболените животни а причинителот на оваа болест во почвата и прашината може да живее подолг временски период.


XS
SM
MD
LG