Достапни линкови

МВР-дисциплински мерки за полицајците кои употребија сила на протестот на Левица


Илустрација-Конвој на возила на армијата на САД влегува во Македонија од граничниот премин Деве Баир

Четворица полицајци врз четири лица неосновано употребиле сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба- врзување со лисици. Ова, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи попладнево, го утврдил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кој извршил проверки за настанот во саботата при протестот по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка oпрема во Скопје.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски рече дека контролата била извршена по наредна на министерот Оливер Спасовски.

„Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје“, рече Ангеловски.

Членови на партијата Левица во саботата, додека траеше презентацијата на опремата на американската војска во близина на Порта Македонија, истакнаа транспарент „Против војната за профити" по што полицијата ги острани.

XS
SM
MD
LG