Достапни линкови

Могерини и Хан го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Софија


Скопје- премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа договорот за добрососедство

Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, наведуваат во заедничката изјава високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

"Овој договор ја покажува одлучноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Тој е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зацврстува ЕУ перспективата на поранешната југословенска Република Македонија во интерес на нејзините граѓани", стои во заедничката изјава на Хан и Могерини.

XS
SM
MD
LG