Достапни линкови

Десетици кандидати за претседателските избори во Киргистан


Гласањето на последните избори во Киргистан во декември, минатата година.

Киргистанската изборна комисија соопшти дека за претстојните претседателски избори се пријавиле 59 кандидати. Единаесет од нив ќе се кандидираат преку политичка партија, а останатите 48 се независни.

Секој од кандидатите сега мора да собере 30 илјади потписи и да плати депозит од 14 600 долари, како и да го положи тестот по киргистански јазик за да влезе во трката за претседателската функција. Финалната листа на кандидати ќе биде објавена на 10 септември, а изборите ќе се одржат на 15 октомври.

XS
SM
MD
LG