Достапни линкови

Скарамучи заминува од местото директор за комуникации на Белата куќа


Џон Кели

Директорот за комуникации на Белата куќа Ентони Скарамучи ја напушта таа функција само 11 денови по неговото наименување. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно за нов шеф на неговиот кабинет го постави пензионираниот генерал Џон Кели. Во соопштението на Белата куќа е наведено дека Скарамучи ја напушта функцијата бидејќи сметал дека е најдобро на Кели да му остави чиста ситуација и можност да формира сопствен тим. Претходно Трамп на Твитер напиша дека немало никаков „хаос во Белата куќа“.

XS
SM
MD
LG