Достапни линкови

Македонската влада расправаше за пожарот кај Македонски Брод


илустрација

Пожарите кај Македонски Брод и натаму се активни, а за тоа синоќа расправеше и владата на Македонија. Портпаролот Миле Бошњаковски изјави дека пожарот во 20 часот се уште бил активен во Лутовец и во правец на Сува гора и оти се ширел во атарот на селото Здуње. Во гаснењето на пожарот биле вклучени и два хеликоптера на макеедонската армија како и војници и офицери. Со пожарот биле зафатени околу 300 хектари борова шума. Владата реши да биде свикан Комитетот за управување со кризи во кој учествуваат министрите за одбрана, полицијата, здравството и транспортот. Пожарите на подрачјето северно од Македонски Брод почнале пред десетина дена.

XS
SM
MD
LG