Достапни линкови

Потпретседателот на САД Пенс денеска во Црна Гора


Американскиот потпретседател Мајк Пенс и премиерот на Грузија Гиорги Квирикашвили, Тбилиси, 31.07.2017.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ќе допатува во Црна Гора. Тоа е прва посета на висок официјален претставник на американската администрација на регионот од изборот на новиот претседател Доналд Трамп. Пенс ќе разговара со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и со премиерот Душко Марковиќ, а ќе учествува на самитот на Јадранската повелба со лидерите на Западен Балкан. Тој во почетокот на европската турнеја која освен Црна Гора ги опфаќа и Естонија и Грузија изјави дека бил испратен од претседателот Трамп со „многу едноставна порака“. „Тоа е дека Америка на прво место не значи само Америка. Нашата порака во Естонија, Грузија и Црна Гора ќе биде иста, ние сме со вас“.

XS
SM
MD
LG