Достапни линкови

Македонија и Бугарија ќе го потпишат договорот за добрососедство


Премиерот Зоран Заев се сретна со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, Софија 20.06.2017.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов денеска во Скопје ќе го потпишат договорот за добрососедство, пријателство и соработка, соопшти владината прес-служба. Борисов со владина делегација ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, при што пред Владата ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, а потоа ќе следи тет-а-тет средба со Зоран Заев, како и средба на членовите на делегациите на двете влади. Предвидени се и средби на бугарската делегација со неколку министри од македонската влада, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот Ѓорѓе Иванов. Борисов в среда ќе присуствува и на заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје.

XS
SM
MD
LG