Достапни линкови

Чакаровски: 33 здравствени установи ќе добијат нови директори


Клинички центар во Скопје, државна болница.

Замененик министерството за здравство Гоце Чакаровски изјави дека министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе назначи нови директори на 33 здравствени институции. Тој дополни дека промените ќе продолжат утре, а до петок ќе се направат сите измени на директорските места во институциите под контрола на Министерството за здравство.

"Ги работиме документите. Денес ќе назначиме директори на 33 здравствени институции. Утре ќе продолжиме со другите, до петок мислам дека ќе ги направиме сите промени" изјави Чакаровски на трибината по повод Светска недела на доење.

XS
SM
MD
LG