Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тенденциозно шири лажни вести за населување мигранти


Транзитниот центар за мигранти во Табановце.

СДСМ во реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ преку тенденциозно ширење лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, продолжува да внесува вознемиреност помеѓу граѓаните.

Од СДСМ посочуваат дека предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 е само надградба на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година. Се работи, според нив, за документ што е јавно објавен и отворен за сугестии и истиот служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција, посочуваат од СДСМ.

Претходно централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“.

„ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

XS
SM
MD
LG