Достапни линкови

Осомничениот за нападот во Хамбург имал "радикален исламистички" мотив


Полициски кордон во областа околу супермаркетот во Хамбург каде маж изврши напад со нож

Германското сојузно обвинителство објави дека човекот обвинет за смртоносниот напад со нож во супермаркет во Хамбург најверојатно имал "радикален исламистички" мотив. Соопштението беше објавено денеска од федералните обвинители, кои ја презедоа истрагата за нападот од 28 јули, во кој загинаа едно лице, а шестмина беа повредени. "Се чини дека постои радикална исламистичка позадина на актот. Според истражните истраги, обвинетиот се саморадикализирал", се вели во соопштението на обвинителството. Во него се додава дека не постои индикација дека осомничениот, идентификуван како Ахмад А, е член на групата Исламска држава или други терористички организации. Осомничениот, палестинец роден во Обединетите Арапски Емирати, не успеал во неговиот обид да добие азил во Германија.

XS
SM
MD
LG