Достапни линкови

Османи: Законот за јазици денеска на владина седница


Архивска фотографија. Седница на Владата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека Владата планира да го затвори легислативниот дел од Рамковниот договор и уште денеска на седница на Влада да помине Законот за јазици

Османи за ова го информирал и побарал поддршка од претседателот Иванов. За новиот закон за јазиците, тој очекува поддршка и од опозициската ВМРО–ДПМНЕ, со што, според него, би се постигнал политички и меѓуинституционален консензус за ова прашање.

На денешната седница на Владата, како што потврди владината прес-служба, ќе биде разагледана Информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор.

XS
SM
MD
LG