Достапни линкови

ЕУ загрижена за иднината на демократијата во Венецуела


Гласањето на изборите во Венецуела.

ЕУ изрази загриженост за иднината на демократијата во Венецуела по контроверзните избори за избор на ново уставотворно собрание во земјата. Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева изјави дека гласањето ја зголемило поделбата во Венецуела и ќе резултира со делегитимизирање на демкратски избраните институции.

Изборите беа проследени со насилство и масовни протести при кои загинаа најмалку 10 луѓе. Опозицијата повика протестите да продолжат. Мадуро прогласи победа и изборите ги нарече најважното гласање за револуцијата во Венецуела.

XS
SM
MD
LG