Достапни линкови

Убиени напаѓачите на ирачката амбасада во Авганистан


Припадници на авганистанските безбедносни сили се подготвуваат да одговорат на нападот на ирачката амбасада во Кабул.

Авганистанските власти соопштија дека завршил нападот на ирачката амбасада во Кабул од страна на милитанти на Исламската држава. Според властите, напаѓачите биле убиени по четири часа борби.

Во нападот полесно бил повреден еден припадник на безбедносните сили, а сите вработени во амбасадата се безбедни. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец го детонирал експлозивот пред влезот на амбасадата, по што три вооружени лица влегле во објектот.

XS
SM
MD
LG