Достапни линкови

Кремљ: САД да одлучат кои дипломати ќе бидат протерани


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Кремљ соопшти дека САД може да донесат одлука кој од нивниот дипломатски персонал во Русија ќе биде повлечен откако земјата тоа го побара од Вашингтон. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека меѓу нив може да бидат и руски државјани кои работат во американските дипломатски претставништва.

Москва нареди да се намали бројката на американските дипломати во земјата по усвојувањето на новиот закон во Сентатот за спроведување на дополнителни санкции врз Русија. Според Песков, нема потреба да се чека додека американскиот претседател Доналд Трамп го потпише законот. Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД не треба да ја повлечат одлуката и покрај притисокот од Русија.

XS
SM
MD
LG