Достапни линкови

Продолжуваат борбите во ирачката амбасада во Кабул


Припадник на авганистанските безбедносни сили во близина на ирачката амбасада при што се гледа чад во воздухот по нападот.

Авганистанските безбедносни сили продолжуваат да се борат против милитантите на Исламската држава кои извршија напад врз амбасадата на Ирак во Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец го детонирал експлозивот пред влезот на амбасадата, по што три вооружени лица влегле во објектот. Според министерството, ирачките дипломати се безбедни. Нема информации за жртви во нападот.

XS
SM
MD
LG