Достапни линкови

Мадуро го поздрави гласањето и прогласи победа


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро на гласањето на изборите.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги поздрави контроверзните избори со цел воспоставување на ново тело за пишување на уставот и го нарече најважното гласање за револуцијата. Мадуро се обрати на стотици поддржувачи во центарот на Каракас откако изборната комисија соопшти дека излезеноста на гласањето била 41,5 проценти и прогласи победа.

Изборите беа проследени со насилство и масовни протести при кои загинаа најмалку 10 луѓе. Опозицијата повика протестите да продолжат. Мадуро изјави дека новото уставотворно собрание ќе влезе во нова ера на борба во земјата која се справува со економската криза.

XS
SM
MD
LG