Достапни линкови

Загинати на протестите во Венецуела


Најмалку десет луѓе биле убиени во Венецуела во изминативе 24 часа откако избувнаа насилства на протестите против претседателот Николас Мадуро и неговиот план да формира ново собрание. Меѓу жртвите имало и две млади момчиња кои биле застрелани на протестите во западната држава Тачира. Исто така бил убиен и еден од кандидатите за новиот парламент. Гласачите главно ги бојкотираа изборите кои, според опозицијата, треба да донесат нов парламент кој пак ќе ги изгласа измените на Уставот што ќе му дадат поголема моќ на претседателот Мадуро. Во неколкумесечните протести против него загинаа над 120 луѓе.

XS
SM
MD
LG