Достапни линкови

Успешен тест на американскиот антиракетен систем за одбрана


Соединетите Држави соопштија дека успешно собориле балистички ракетен објект со среден опсег користејќи систем за следење за кој се надеваат дека ќе се постави на Корејскиот полуостров.

Денешниот тест доаѓа во услови на зголемени тензии со Северна Кореја, која претходно соопшти дека успешно тестирала интерконтинентален балистички проектил со голем дострел кој ја опфаќа целата копнена територија на Соединетите Држави.

Агенцијата за противракетна одбрана на САД соопшти дека во американскиот тест, авионот C-17 кој летал над Тихиот океан, исфрлил проектил со среден дострел кој бил откриен, следен и пресретнат од единицата на ТАААД во Алјаска. Агенцијата додаде дека тоа бил 15-тиот успешен обид за интервенција од неколкуте тестови за системот, од кои одредени делови беа преместени во Јужна Кореја под раководство на претходната влада во Сеул.Новиот лидер на Јужна Кореја,Мун Џае-Ин го прекина распоредувањето на програмата во јуни, велејќи дека треба да се спроведе нова евалуација на нејзиното влијание врз животната средина.

XS
SM
MD
LG