Достапни линкови

Најмалку осум мртви во сообраќајна несреќа во Пакистан


Пакистанската полиција соопшти дека најмалку осум лица се убиени по судирот меѓу комбе и камион во северозападниот дел на земјата. Полицијата информираше дека камион се судрил со комбе кое патувало од градот Равалпинди до Пешавар, главниот град на провинцијата Кибер Пахтунхва. Комбето потоа го погодил главниот гасовод во областа и избувнал пожар, што го зафатил комбето и сите 13 патници во него. Тимовите за итна медицинска помош ги спасиле преживеаните.Полицијата соопшти дека осум лица биле повредени во несреќата, а шест се во критична состојба. Повредените биле однесени во најблиската болница за лекување.

XS
SM
MD
LG