Достапни линкови

Еден загинат при напад врз ноќен клуб во Бодрум


Едно лице загина, а три други се ранети минатата ноќ при напад врз ноќен клуб во турскиот град Бодрум. Како што јави агенцијата Анадолија, нападот врз клубот го извршиле група вооружени мажи.

При нападот е убиен еден 22-годишен маж, чиј идентитет засега не е соопштен. Не се соопштени ниту идентитети, ниту пак здравствената состојба на тројцата повредени, кои се задржани на болничко лекување. Мотивите за нападот засега не се познати, а полицијата трга по напаѓачите.

XS
SM
MD
LG