Достапни линкови

МВР го истражува полициското постапување на протестот, Левица вели дека се замајува јавноста


Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема во Скопје.

Притоа, како што стои во денешното соопштение, доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејствија, тоа ќе биде соодветно санкционирано.Министерството исто така категорично ги демантира сите наводи за приведување на лица во врска со посочениот настан.

За вчерашниот инцидент кај ГТЦ кога полицијата спречи демонстанти да истакнат транспарент со „Против војната за профити“, Левица вели дека е неумесен министерскиот обид за замајување на јавноста дека тоа било обично легитимирање.

„Во правната пракса не постои таков изум на легитимирање со употреба на лисици. Во случајот се прекршени најмалку три правни акти. Прво е прекршен Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 изричито предвидува дека правото на мирен протест е неприкосновено и може да се ограничи само во услови на воена и вонредна состојба. Второ, прекршен е Законот за јавни собири и, трето, прекршен е Правилникот за вршење на полициски работи, односно Правилникот за вршење служба на МВР“, реагираше Димитар Апасиев од Левица на денешната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG