Достапни линкови

Долниот дом на францускиот парламент усвои закон за морализација


Долниот дом на францускиот парламент со големо мнозинство го усвои нацрт законот за морализација на политичарите, пренесува париски Ле Монд. Нацрт законот е усвоен во првото читање во двата дома на парламентот, а на есен повторно ќе биде предмет на расправа на пратениците, пред конечно да биде усвоен. Законот содржи мерка за забрана за вработување на членови на семејството, што во текот на предизборната кампања ја вети претседателот Емануел Макрон. Нацрт законот доаѓа во време на корупциски афери кои ја потресоа претседателската кампања.

Законот предвидува и други облици на контрола на пратениците меѓу кои и забрана за извршување на советодавни активности за да не дојде до судир на интереси, како и нов состав на контрола на нивните трошоци, кои ќе ги скенира и министерството за економија со цел да се избегнат затајувањето на данокот и други злоупотреби.

XS
SM
MD
LG