Достапни линкови

Осум мртви во пожар во Виетнам


Во пожар во мала фабрика за колачи во главниот град на Виетнам Ханој, денеска загинале осум работници, а двајца се здобиле со тешки повреди.Пожарот избувнал во приградска населба во Ханој, а на пожарникарите им требало еден час да го изгаснат огнот. Како што се наведува, според првичните резултати на истрагата, пожарот го предизвикале искрите кои го зафатиле плафонот кој се срушил, со што се блокирал еден од излезите на фабриката, а работниците останале заробени внатре. Пожарите се вообичаени во Виетнам. Последниот се случи во еден караоке бар во ноември, кога загинаа 13 лица.

XS
SM
MD
LG