Достапни линкови

ЕК покрена правна процедура против Полска


Европската унија започна правна акција против полската влада во врска со новиот контроверзен закон кој би можел да ја поткопа независноста на судовите во земјата и да и даде на владејачката партија за право и правда премногу влијание врз нив.Комисијата објави дека испратила писмо за официјално известување до Варшава по објавувањето на законот во Полска.

ЕУ реагираше во врска со законот, бидејќи со него се воведуваат различни возрасти за пензионирање на мажите и жени судии, што претставува прекршување на законите за антидискриминација на ЕУ.

"Новите правила му овозможуваат на министерот за правда да врши влијание врз индивидуалните обични судии, особено преку нејасни критериуми за продолжување на нивните мандати, со што се поткопува принципот на неотповикливост на судиите", се вели во изјавата на Европската комисија. Во соопштението се додава дека десничарската влада на Полска имала еден месец да одговори на загриженоста на Комисијата. Потпретседателот на Комисијата, Франс Тимерманс испрати писмо до полскиот министер за надворешни работи, испраќајќи покана до него и до министерот за правда да се состанат во Брисел за повторно отворање на дијалогот.

XS
SM
MD
LG