Достапни линкови

Во пожар во Шпанија евакуирани 300 лица


Пожарот во југоисточна Шпанија уништил околу 1000 хектари борова шума и принуди на евакуација околу 300 луѓе, соопштуваат властите. Жителите на 10 мали градови и постетителите на еден камп во покраината Кастила Ла Манча се префрлени на друга локација, соопшти Франциско Мартинез, висок претставник на регионалните власти. Околу 150 пожарникари се бореа со пожарот кој започна вчераи брзо се прошири во Националниот парк Лос Каларес дел Рио Мундо.Шпанија и соседна Португалија не ретко се соочуваат со шумски пожари во текот на сувите и летни месеци. Во шумските пожариво средниот дел на Португалија во јули загинаа неколку десетици луѓе, а дел од нив и во возилата кои огнот ги зароби на патиштата.

XS
SM
MD
LG