Достапни линкови

Трамп ќе го потпише законот за санкции против Русија


Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да го потпише законот за зајакнување на санкциите против Русија поради нејзиното наводно мешање во претседателските избори во Соединетите Држави. Изненадувачката најава се случи неколку часа откако Русија ги објави одмаздничките мерки за легислативата, наредувајќи длабоки кратења на американскиот дипломатски персонал во Русија и запленување на некои американски дипломатски имоти во Москва. Со донесувањето на легислативата, со која влегуваат во сила низа силни санкции против Русија за нејзинината наводна вмешаност во изборите и агресијата во Украина, се намалува надежта за какво било непосредно подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, што беше заложба за Трамп за време на неговата кампања.

XS
SM
MD
LG