Достапни линкови

САД и Јапонија - Северна Кореја лансирала балистичка ракета


Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Северна Кореја лансирала балистичка ракета, соопштија американските и јапонските власти.

Портпаролот на Пентагон, капетанот Џеф Дејвис, денеска изјави дека откриле лансирање на ракетата од страна на Северна Кореја и дека повеќе информации ќе следуваат наскоро.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека свикал вонредна седница откако дознале за лансирањето на ракетата.

Новиот потег на Северна Кореја ќе ги зголеми веќе постоечките тензии на Корејскиот Полуостров. САД, Јапонија и Јужна Кореја постојано изразуваат осуда за лансирањето на ракетите од страна на Северна Кореја. Според резолуции на ОН, Северна Кореја не смее да лансира нуклеарни и балистички ракети, но Пјонгјанг продолжува со тестовите, со образложени дека им се потребни да за спречат агресија од страна на САД.

XS
SM
MD
LG