Достапни линкови

Бејли - САД работат да ја видат Македонија дел од НАТО


Конвој на возила на армијата на САД влегува во Македонија од граничниот премин Деве Баир.

Вежбата „Dragoon Guardian 17“ е одлична можност за зајакнување на билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на свеченоста за означување почеток на планираните активности на заедничката воена вежба.

„Уверена сум дека ова вежба ќе биде одлична можност за зајакнување на подготвеноста на нашите единици, ќе придонесе кон подобрување на интероперабилноста и ќе ја приближи АРМ кон високите критериуми на нашите партнери од САД“, рече министерката.

Амбасадорот на САД во Македонија Џејс Бејли, информираше дека оваа година скоро 600 војници од Македонија ќе учествуваат на мултинационални вежби спонзорирани од САД во Европа

Амбасадорот Бејли потсети дека следната недела заменик- претседателот Пенс ќе патува во Црна Гора и ќе се сретне со лидерите на Самитот на Јадранската повелба. Нагласи дека минатиот месец во Вашингтон, Пенс истакнал оти политиката на НАТО за отворена врата мора секогаш да остане таква за сите оние земји што ги споделуваат вредностите. Бејли вели дека САД работат да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијта или вежби како што е „Dragoon Guardian 17“.

XS
SM
MD
LG