Достапни линкови

Првиот конвој на армијата на САД пристигна во Македонија


Конвој на возила на армијата на САД влегува во Македонија од граничниот премин „Деве Баир“.

Првиот конвој на возила на американската армија пристигна во Македонија од граничниот премин „Деве Баир“. Триста американски војници со 120 возила групирани во шест конвои ќе учествуваат на воената вежба „Dragoon Guardian 17“ во Македонија. Припадниците на Армијата на САД во Европа, заедно со 95 македонските војници до 10 август ќе имаат теренска вежба на армискиот полигон Криволак.

Отворањето на вежбата е во Куманово, а поздравни говори ќе одржат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, командантот Зоран Милески и американскиот амбасадор во земјата Џес Бејли.

XS
SM
MD
LG