Достапни линкови

Русија со контрамерки за новите санкции на САД


Илустрација за санкциите на САД врз Русија.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека САД мора да ја намалат бројката на дипломатски персонал во земјата и повеќе нема да бидат во можност да ги користат викенд куќите и складиштата во Москва. Таквата одлука доаѓа по усвојувањето на новите санкции врз Русија од страна на американскиот Сенат.

Според министерството, САД мора да го намалат персоналот во Русија на 455 лица до 1 септември, а објектите нема да може да ги користат од 1 август. Од министерството предупредуваат и дека ќе одговорат доколку САД донесат одлука да ја намалат бројката на нивни дипломати по бркањето на 35 лица од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама во декември, минатата година. За руските власти, новите санкции се знак на како што наведуваат, екстремната агресија на САД во меѓународните работи.

XS
SM
MD
LG