Достапни линкови

Пакистанскиот суд му наложи на премиерот да поднесе оставка


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот Врховен суд донесе одлука за отстранување на премиерот Наваз Шариф од функцијата поради обвинувањата за корупција по протекувањето на доументи од адвокатска фирма во Панама. Според соопштението, одлуката на судот стапува веднаш на сила.

Истрагата на Врховниот суд покажа дека членови на семејството на Шариф имале приходи од непознати извори и поседувале офшор сметки. Шариф повеќе не може да биде чесен член на Парламентот и да ја извршува премиерската функција, наведоа од судот. Шариф ги негираше наводите во случајот.

XS
SM
MD
LG