Достапни линкови

Ќерката на поранешниот претседател на Узбекистан во притвор


Ѓулнара Каримова

Узбекистанското обвинителство соопшти дека Ѓулнара Каримова, најстарата ќерка на поранешниот претседател Ислам Каримов е во притвор поради обвинение од 2015 година и се соочува со дополнителни обвиненија во истрага која е во тек. За прв пат обвинителството откри детали за статусот на Каримова за која долго време се шпекулираше дека се наоѓа во домашен притвор во Ташкент.

Претседателот Шавкат Мирзијаев кој по смртта на Каримов ја презема претседателската функција изјави во септември дека бил избран за да ја намали изолацијата на земјата. Според соопштението, Каримова била осудена на 5 години „ограничена слобода“ во 2015 година откако таа и неколку нејзини соработници биле обвинети за изнудување, проневера и даночно затајување. Каримова дополнително се товари и за други кривични дела како перење пари, финансиски малверзации и фалсификување.

XS
SM
MD
LG