Достапни линкови

Качињски: ЕУ нема консензус да ја казни Полска


Лидерот на владејчката партија „Право и Правда“ Јарослав Качињски

Лидерот на владејчката партија „Право и Правда“ Јарослав Качињски синоќа изјави дека Европската унија не е во состојба едногласно да се договори да ја казни Полска и да и го одземе правото на глас. Во средата Европската комисија се закани дека ќе го стори тоа поради контроверзната реформа на судството во Полска. Качињски во интервју за радикалната католичка телевизија „Трвам“ истакна дека неговата партија му препушта на претседателот Анджеј Дуда кој неочекувано стави вето на два од трите закони за спорната реформа, да предложи нови закони за Врховниот суд и Националниот судски совет.

XS
SM
MD
LG