Достапни линкови

Судири во Ерусалим


Ерусалим

Судирите меѓу израелските сили за безбедност и палестинците продолжија синоќа во стариот дел на Ерусалим, кај светилиштето Ал Акса. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека синоќа биле ранети осум луѓе, додека еден од нив починал. Претходно изгледаше дека ситуацијата околу Ал Акса ќе се смири откако Израел ги отстрани сите мерки за безбедност. Нивното воведување доведе до најжестоки судири во Ерусалим во изминативе неколку години. Израелските сили за безбедност се во состојба на готовност пред денешната петочна молитва, а плестинските фракции повикаа на масовни протести против Израел.

XS
SM
MD
LG