Достапни линкови

Сенатот ги усвои новите санкции врз Русија


Американскиот претседателот Доналд Трамп

Американскиот Сенат скоро едногласно гласаше за законот за дополнителни санкции врз Русија и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп. За законот гласаа 98 сенатори, додека двајца беа против и со него се воведуваат построги санкции и врз Иран и Северна Кореја. Законот е испратен до Белата куќа на потпис или на вето од страна на претседателот Трамп. Претходно овој закон со кој Русија се казнува за наводното мешање во американските избори лани и за нејзината улога во конфликтите во Украина и Сирија беше усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот.

XS
SM
MD
LG