Достапни линкови

Таравари:починатите имале хеморагична треска-хантан


Архивска фотографија-прес конференција на министерот за здравство Арбен Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари преку видео порака од Соединетите Американски Држави,каде што престојува во официјална посета, информираше дека причина за смртта на двајцата мажи од Гостивар е Хеморагична треска која ја предизвикува хантан вирус.

„Веќе се стигнати лабораториските испитувања од две лаборатории во кои се правеа анализи на серумот и крвта од пациентите. Се работи за подобрата варијанта на Хеморагична треска-хантан која за среќа не се пренесува од човек на човек, туку само преку глодари. Целосно состојбата е под контрола, ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки“ рече Травари.

Шпекулации се дека има уште еден починат од оваа болест, нагласи министерот, наведувајќи дека седумте пациенти кои се хоспитализирани и кои биле во контакт со веќе починатите се во добра состојба. Таравари додаде и дека е направена комплетна дезинсекција, дератизација, дезинфекција на теренот каде што се движеле двајцата починати пациенти, а доктори од Клиниката за инфективни болести биле во Одделот за инфективни болести во Гостивар и им дале инструкции на лекарите и медицинскиот персонал.

XS
SM
MD
LG