Достапни линкови

Москва ратификуваше договор за долгогодишно воено присуство во Сирија


Архивска фотографија-сирискиот претседател Башар ал-Асад во посета на руската воздушна база во Сирија, 27.06.2017

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се ратификува договорот со сириската влада и се дозволува на Москва да ги задржи воздушните бази во Сирија 49 години, со можност за автоматско продолжување на договорот за период од 25 години. Документот потпишан денеска беше објавен на интернет страницата на официјален Кремљ. Договорот беше постигнат во јануари во Дамаск и во него се предвидени условите под кои Русија може да ја користи воздушната база Хмемим која се наоѓа во близина на крајбрежниот град Латакиа. Таа беше користена за воздушните напади од 2015 година против силите кои се спротиставуваат на претседателот на Сирија Башар ал-Асад. Двата дома на рускиот парламент го одобрија договорот претходно месецов.


XS
SM
MD
LG