Достапни линкови

СДСМ:бегството е доказ за стравот од соочување со правдата


Архивска фотографија-потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов

Потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека одложувањето на притворите до правосилноста на решенијата за притвор им овозможиле на обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски во случаите „Таргет“ и Тврдина“ на СЈО, да избегаат. Шилегов оцени дека судските органи, пред се Апелацискиот и Врховниот суд, се ставиле, како што рече, во директна заштита на криминалот.

„Смисленото бегство на Грујовски и Бошковски е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомненија за нивната вмешаност во делата за кои се товарат. Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено, со ова се остава простор за останатите обвинети во случаите коишто ги води Специјалното јавно обвинителство за кои наместо притвор се донесени мерки на претпазливост, во секој момент да можат да избегаат и да станат недостапни“, рече Шилегов.

Тој додаде дека со ваквите постапки се урива довербата на граѓаните во правосудството.


XS
SM
MD
LG