Достапни линкови

Путин пристигна во Финска


Финска-Претседателите на Русија и на Финска, Владимир Путин и Саули Нинисто на прес конференција,27.07.2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во еднодневна посета на Финска која се случува за време на прославата на 100 годишнината од финската независност од Русија. Путин пристигна попладнево во градот Савонлина, кој се наоѓа во близина на источната граница. Таму тој разговара со финскиот претседател Саули Нинисто за билатералните односи и меѓународните прашања. Двајцата ќе присуствуваат и на церемонијата за одбележувањето на независноста.
Посетата на Путин се случува и додека Русија и Кина одржуваат еднонеделни вежби во Балтичкото море.Финска, која има 1400 километри долга граница со Русија не е членка на НАТО но соработува со западната воена алијанса со години. Земјата отворено дискутира за можноста за поблиска соработка, па дури и членство во НАТО што предизвика вознемиреност во Москва.

XS
SM
MD
LG