Достапни линкови

Земени мостри од бачилото во Симница


Илустрација-одгледувалиште на овци

Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница за утврдување евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуална причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште седум се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека земени се мостри за лабораториско испитување од добиточната храна и водата во одгледувалиштето, како и од производите од млеко и сирење кои се произведуваат во бачилото. Земена е и крв од овците за дијагностичко испитување со цел утврдување на евентуалниот причинител на заразата. На одгледувалиштето зголемени се и биосигурносните мерки, а во текот на денот ќе биде извршена и комплетна дезинфекција и дератизација.

„Заради спречување ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за забрана за движење на стадото и обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или угинати животни до надлежното ветеринарно друштво“, се наведува во соопштението од АХВ.

XS
SM
MD
LG