Достапни линкови

Приведени членови на неонацистичка група во Москва


Илустрација-припадници на руските безбедносни служби

Руското федерално биро за безбедност соопшти дека привеле припадници на вооружена неонацистичка група во Москва. Во денешното соопштение се наведува дека припадниците на групата биле приведени за време на специјална операција која се одвивала на 25 и 26 јули. Според бирото за безбедност се верува дека групата имала нелегална работилница за производство на пушки. Како што се наведува, било запленето автоматско оружје, пиштоли, револвери, експлозиви и муниција.

XS
SM
MD
LG