Достапни линкови

Путин назначи нов постојан претставник на Русија во ОН


Заменик министер за надворешни работи на Русија, Василиј Небензија.

Рускиот претседател Владимир Путин назначи нов постојан претставник на земјата во ОН. Досегашниот заменик министер за надворешни работи на Русија, Василиј Небензија ќе ја извршува функцијата.

Привремено на функцијата беше назначен Пјотр Иличјов по ненадејната смрт на Витали Чуркин во Њујорк во февруари, годинава. Чуркин беше специјален претставник на Русија во ОН од 2006 година.

XS
SM
MD
LG