Достапни линкови

Бугарското Собрание усвои декларација за договорот со Македонија


Собранието на Бугарија.

Бугарското Народно Собрание денеска едногласно усвои Декларација за поддршка на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Во Декларацијата, Собранието ги оценува како позитивни напорите на владите на двете земји за финализирање на преговорите за договорот и очекува тој да биде потпишан согласно планот.

Во документот се изразува и подготвеноста на Собранието да ја започне постапката за ратификација на договорот во најкус можен рок по неговото потпишување.

XS
SM
MD
LG