Достапни линкови

АРМ и Армијата на САД на заедничка вежба во Криволак


Архивска фотографија - АРМ прослави 25 години од основањето.

На заедничката воена вежба на АРМ и на Армијата на САД во Европа, насловена „Dragoon Guardian 17“ ќе учествуваат 300 припадници на американската армија и 95 припадници на АРМ. Вежбата започнува утре, а ќе трае до 10 август. Војниците заедно ќе изработуваат патека за слетување беспилотни летала, ќе имаат обука за расчистување на патишта од импровизирани експлозивни направи, обуки за заштита од атомско, биолошко и хемиско оружје. За време на вежбата војниците на двете земји меѓусебно ќе се запознаат со личното оружје, ќе гаѓаат, а ќе има и други обуки, велат од Министерството за одбрана. Вежбата ќе се одржи на армискиот полигон Криволак, а во Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струмица и Струга, граѓаните ќе имаат можност одблиску да ја видат воената опрема и да се запознаат со војниците.

XS
SM
MD
LG